Дописници МКДКултура

Излезе од печат „Плашила покрај патот” од Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински

Излезе од печат „Плашила покрај патот", заедничко издание на доајените на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински. Како што информираше Ѓорѓијоски, книгата содржи избор од преку 600 афоризми од двајцата автори. 

Делчево, 14 јануари 2020 (МИА) -Излезе од печат „Плашила покрај патот”, заедничко издание на доајените на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински. Како што информираше Ѓорѓијоски, книгата содржи избор од преку 600 афоризми од двајцата автори.
-Автори на кориците се познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски, додека издавач на книгата е Домот на културата „Тошо Арсов”. Ова е прва од серијата книги во кои со свои афоризми ќе се претстават најеминентните македонски сатиричари и воедно е седма книга од едицијата Балканска сатира, информира Ѓорѓијоски.
Додава дека ова е прва заедничка книга на двајцата автори.
-Ова е моја прва заедничка книга, инаку вкупно 30-та, додека на колегата Витомир Долински е негово петто дело. Промоции на „Плашила покрај патот” во наредниот период ќе се одржат во Виница, Кичево, Скопје, Струга и Лазаревац, Р. Србија, додаде делчевскиот сатиричар со кичевски корени.
Првото издание на книгата „Плашила покрај патот” е подготвувана за фестивали за хумор и сатира во соседна Србија и е наменета за српското говорно подрачје, а во скоро време авторите најавуваат и издание на македонски и руски јазик. вс/ир

Таг
Back to top button
Close
Close