0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Излеани реки во Тетовско, непрооден патот Тетово – Јажинце кај Доброште

Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско, кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско,кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.

Излевањето на Габровска Река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово – Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.

– Тетово – Јажинце непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце на својот фејсбук-профил.

Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово – Јажинце. Жители на Јегуновце информираат дека во нивното село има поплавени куќи. ас/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close