Дописници МКДОпштински вести

Изградени тоалети во подрачно училиште во село Студена Бара

Заврши изградбата на тоалетите во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во село Студена Бара, кумановско. Градбата е финансирана од средства обезбедени од општината, информираа денеска надлежните од училиштето.

Куманово, 18 февруари 2021 (МИА) – Заврши изградбата на тоалетите во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во село Студена Бара, кумановско. Градбата е финансирана од средства обезбедени од општината, информираа денеска надлежните од училиштето.

– За изградбата на два тоалети се одвоени 338.716 денари. Претходно, тоалетите – горлив проблем за ова подрачно училиште, не задоволуваа ниту минимум хигиенски стандарди, изјави в.д директорката на училиштето, Јасминка Спасовска.

Во училиштето настава следат четири ученици со физичко присуство од прво до петто одделение, а настава држат двајца наставници и двајца професори по физичко и здравствено и англиски јазик. ам/ар/

Back to top button
Close
Close