Дописници МКДОпштински вести

Изграден патот до времената депонија кај Ново Конско

Со финансиски средства од 140.000 евра, што ги донираше Меѓународната агенција за мигранти, заврши изградбата на патот до времената депонија кај гевгелиското село Ново Конско, соопштија денеска од општина Гевгелија.

Гевгелија, 17 јануари 2020 (МИА) – Со финансиски средства од 140.000 евра, што ги донираше Меѓународната агенција за мигранти, заврши изградбата на патот до времената депонија кај гевгелиското село Ново Конско, соопштија денеска од општина Гевгелија.

Од таму велат дека, според договорот, патот е тампониран и обезбедува услови за движење на комуналните возила и за непречено транспортирање на отпадот до најсовремената комунална депонија во нашата земја.

– Наша обврска е да обезбедиме напојување на депонијата со електрична енергија од фотоволтаични панели, за што рапишавме јавен повик за изработка на проект. Јавното претпријатие „Комуналец“ паралелно со ова работи на инсталирање на водоводна линија за депонијата и очекувам овие активноти да ги завршиме до крајот на идниот месец, изјави гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Веднаш потоа,во текот на март, посочи Поцков, ќе почне дислокацијата на старата депонија кај Сува река и ревитализацијата на просторот каде ќе биде уредена зелена површина со средства од околу 420.000 евра кои останале од грчкиот грант што бил наменет за Пречистителната станица. им/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close