Дописници МКДОпштински вести

Изградбата на велосипедски патеки од долнореканското село Жировница до места во околијата Пешкопеја според зацртаната динамика

Динамиката и прогресот на активностите во реализацијата на Проектот “Прекугранично возење велосипеди: Повисоко ниво на авантуристички туризам во Маврово - Ростуше и Пешкопеја“, се одвиваат во рамките на планирањата.

Дебар, 26 мај 2021 (МИА) – Динамиката и прогресот на активностите во реализацијата на Проектот “Прекугранично возење велосипеди: Повисоко ниво на авантуристички туризам во Маврово – Ростуше и Пешкопеја“, се одвиваат во рамките на планирањата.

Ова е констатирано на средбата на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски со Линдита Манга од организацијата АЛЦДФ од Албанија која е партнер во проектот, што се реализра со средства на ИПА2 програмата за прекугранична соработка.

– На македонска страна целосно е изградена патеката од месноста „Асан Кула“ преку село Врбјане до село Жировница во должина од 8 километри и веднаш се продолжува со изградба на другите патеки кои се протегаат од Голема и Мала Планина (Дешат) до Жировница. Проценка е дека сите 23 километри велосипедски патеки во општина Маврово и Ростуше ќе бидат изградени до септември годинава, било речено на средбата, објави општината на официјалната фејсбук страница.

Се додава дека за потребите на проектот ќе биде набавено современо теренско возило со дополнителна опрема а една просторија во село Ростуше ќе се реконструира во современ Инфо центар.

Изградбата на велосипедските патеки во општина Маврово и Ростуше, почна во средината на минатиот месец откако на тендер како најповолна беше оценета понудата на фирмата „Фортеса“и беше потпишан договор во вредност од 7.660.163 денари. вт/оџ/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close