Дописници МКДОпштински вести

Изградба и реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Почна изградбата на два и реконструкција на осум тоалети во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираа денеска надлежните. Изградбата и реконструкцијата се спроведуваат со средства обезбедени од општинскиот буџет за тековната година.

Куманово, 18 август 2020 (МИА) – Почна изградбата на два и реконструкција на осум тоалети во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираа денеска надлежните. Изградбата и реконструкцијата се спроведуваат со средства обезбедени од општинскиот буџет за тековната година.

– Во моментов се реконструираат осум тоалети на три ката во централната училишна зграда. Дополнително во тек е изградба на два тоалети наменети за ученици со телесна попреченост, изјави директорката на училиштето, Марија Тодоровска.

Во текот на летото во централната зграда на гимназијата обновени се и подните површини во осум кабинети и тековно се одржуваат сите ходници и училници. Во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ настава следат 950 ученици. ам/фф/

Back to top button
Close
Close