БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Изгласани нацрт-законите за трансформација на Безбедносните сили во војска на Косово

Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници на денешната пленарна седница, ги изгласа во прво читање трите нацрт-закони со кои сегашните Безбедносни сли на Косово (ФСК) ќе се трансформираат во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 18 октомври 2018 (МИА) – Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници на денешната пленарна седница, ги изгласа во прво читање трите нацрт-закони со кои сегашните Безбедносни сли на Косово (ФСК) ќе се трансформираат во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако седницата ја напуштија пратениците на партијата на косовските Срби, Српска листа, која е категорично против формирање оружени сили на Косово, со 101 глас „за“ од пратениците на албанските, но и на партиите на помалите етнички заедници од групата Шест плус, прво се изгласа нацрт-законот за Министерство за одбрана, со што се укинува досегашното Министерство за ФСК.

По ова, со 98 гласа „за“ беше изгласан нацрт-законот за ФСК, со кој е предвидено зголемување на надлежностите на оваа формација, со цел постепено да се трансформира во војска.

Последен од пакетот закони кој треба да го отвори патот на прераснување на ФСК во восјка на Косово, беше нацрт-законот за службување во ФСК, за кој гласаа сите 96 пратеници кои во тој момент беа во собраниската сала.

Образложувајќи го владиниот предлог за овие закони, министерот за ФСК, Рустем Бериша рече дека „во моментот кога ќе се создадат поволни политички услови, ќе се продолжи со уставни измени за да се смени и името на ФСК“.

По изгласувањето на овој пакет закони, опозицијата ја напушти салата, продолжувајќи го бојкотот на Собранието поради одбивањето на владејачкото мнозинство да го стави на дневен ред нејзиното барање за расправа и за резолуција за дијалогот меѓу Косово и Србија. иа/ми/15:14

###

Таг
Back to top button
Close
Close