0_Web_Насловна-слајдерБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Изгласан нацрт-законот за формирање Министерство за одбрана на Косово

Косовското Собрание, со 101 глас „за“ и ниеден „против“ и „воздржан, го изгласа првиот од трите нацрт-закони чија цел е трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 18 октомври 2018 (МИА) – Косовското Собрание, со 101 глас „за“ и ниеден „против“ и „воздржан, го изгласа првиот од трите нацрт-закони чија цел е трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пратениците во прво читање го изгласаа нацрт-законот за Министерство за одбрана, со што се укинува досегашното Министерство за ФСК.

Седницата продолжува со расправа за нацрт-законот за ФСК, а по оваа точка на дневен ред ќе се најде нацрт-законот за службување во ФСК.

Пратениците на Српска листа, партијата на косовските Срби, претходно ја напуштија седницата, нагласувајќи дека со оваа иницијатива се нанесува штета на нивната етничка заедница, но и на целото косовско општество. иа/13:20

Таг
Back to top button
Close
Close