0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоСкопје

Изгаснат пожарот во зградата на СЕП и МИА (фото+видео)

Изгаснат е пожарот што избувна изутрината во зградата на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени повеќе државни институции.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Изгаснат е пожарот што избувна изутрината во зградата на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени повеќе државни институции.

Според првичните информации, причинета е материјална штета во зградата во која се сместени  Државниот инспекторат за животна средина, Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Пред зградата во моментов е екипа на МИА и вработените на повеќе државни институции. Вработените кои изутринава рано биле затекнати во зградата, биле евакуирани на време.

Детали за пожарот се очекува да соопшти командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Владимир Симовски  во изјава за медиуми пред објектот што гореше.мд/бак/

 

Back to top button
Close
Close