Дописници МКДОпштински вести

Изгаснат пожарот во Кичевско

Пожарот што избувна вчера на локација помеѓу села Поповјани и Туин во Кичевско е целосно изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица - Кичево и Шумското стопанство „Лопушник“.

Кичево, 11 април 2021 (МИА) – Пожарот што избувна вчера на локација помеѓу села Поповјани и Туин во Кичевско е целосно изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица – Кичево и Шумското стопанство „Лопушник“.

За пожарот беше информирано и полициското одделение во Осломеј.

-Вчерашниот пожар кој избувна на локација помеѓу селата Туин и Поповјани во месноста Јани е целосно изгаснат. Беше опожарена површина обрасната со нискостеблеста вегетација, а повредени лица нема, информираа од СВР Охрид. за/мч/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close