Дописници МКДОпштински вести

Издавачката дејност на Епархијата Повардарска со три нови книги

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во периодот пред Божик се подготвија и се испечатија три нови книги од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Тоа се книгите „Христов Лекар и исцелител од последните времиња - Свети Лука Војно-Јасенецки“, „Старец Ефрем Катунакиски“ и „Толкување на Божествената Литургија“.

Велес, 21 јануари 2020 (МИА) – Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во периодот пред Божик се подготвија и се испечатија три нови книги од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Тоа се книгите „Христов Лекар и исцелител од последните времиња – Свети Лука Војно-Јасенецки“, „Старец Ефрем Катунакиски“ и „Толкување на Божествената Литургија“.

Како што изјави за МИА, Никола Цилаков од Издавачката дејност „Св Ѓорѓи Полошки“ книгата за светиот Лука е прекрасно дело во кое се содржани житието на светителот, како и неговите пишани дела поуки и беседи кои се полезни за сите христијани. Оваа книга ја преведе свештеник Игор Пармачки.

Книгата „Старец Ефрем Катунакиски“ го содржи житието на овој прославен светогорски богоугодник, а токму од неговиот подвиг можеме многу да научиме, за духовниот живот, за молитвата, послушноста, за верноста кон преданието на Црквата. Ова издание е превод на Маја Цаневска.

Книгата „Толкување на Божествената Литургија“ е одлично помагало за да навлеземе и да ја проучиме смислата на Светата Литургија, да навлеземе во неа подлабоко и лично да ја доживееме. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.

Книгите можат да се најдат во сите храмови на Повардарската епархија или да се порачаат директно од издаваштвото на Повардарската епархија.

Издавачката дејност  „Св. Ѓорѓи Полошки“ на Епархијата Повардарска со седиште во Велес, досега има издадено стотина книги од кои најголем дел се преводи, а има и авторски книги. Исто така во Илустрираната едиција со библиски настани наменета за деца и млади  има издадено 14 броја, а од списанието на Епархијата Повардарска „Православна светлина“ 32 броја.
– Нашата издавачка дејност има цел за подобро упатување на православните верници кон православната вера и црковниот живот и да научат како  подобро да ја практикуваат истата, појасни Цилаков. ад/нд/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close