Избрано

Кои се најголемите американски донатори

„Форбс“ напоменува дека тие ги пресметале само парите што дошле до крајните корисници, а не тие што биле ветени. 

27 јануари 2020 

BIZZLife, Белград

Американското списание „Форбс“ истражи кои се најголемите американски донатори, земајќи ги предвид податоците за периодот до 2014 до 2018 година.

„Форбс“ напоменува дека тие ги пресметале само парите што дошле до крајните корисници, а не тие што биле ветени.

Американското списание направи листа од 25 најголеми донатори, а еве кои се најголемите пет.

Ворен Бафет

Најголем американски филантроп и донатор е инвеститорот Ворен Бафет, кој само за пет години донирал дури 14,7 милијарди долари. Во моментов неговото богатство се проценува на 90 милијарди долари.

Доколку се земат податоците од 2006 година до денеска, тој досега вкупно има донирано 34 милијарди долари преку акции на својата компанија „Беркшир Хатавеј“.

Бил и Мелинда Гејтс

Втори на листата на најголеми донатори се Бил и Мелинда Гејтс, кои за пет години донирале 9,9 милијарди долари. Нивното богатство во моментов се проценува на 109,6 милијарди долари.

Тие управуваат со најголемата хуманитарна фондација, која има 46,8 милијарди долари во пари и средства под управување.

Непрофитната организација е фокусирана на борбата против глобалната сиромаштија, економскиот развој, здравството, едукацијата и од своето формирање во 1994 година преку грантови досега имаат вкупни донации од 50,1 милијарди долари.

Најмногу пари има дадено „Фондацијата Бил и Мелинда Гејст“, кои се најзини пријатели. Фондацијата се занимава со борбата против сиромаштијата и подобрувањето на здравството во земјите во развој.

Бил Гејтс, исто така, помага во образованието, социјалната правда и женските права, преку фондацијата што ја водат неговите деца.

Џорџ Сорос 

Третиот најголем донатор е Џорџ Сорос, кој е ориентиран главно кон економскиот развој и човековите права. За тие цели тој досега во последните пет години потрошил 3,1 милијарди долари, а неговото вкупно богатство се проценува на 8,3 милијарди долари.

Унгарецот, кој живее во САД, е познат по својата Фондација Отворено општество, која е особено присутна во Источна и Југоисточна Европа.

Фондацијата генерално ги поддржува проектите за борба за човековите права, реформите на правосудните системи, медиумските слободи и иницијативите за човекови права.

 

Мајк Блумберг

Четвртиот најголем американски донатор е Мајк Блумберг, кој е фокусиран на климатските промени и здравството, за што досега во последните пет години потрошил три милијарди долари.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и актуелен претседателски кандидат особено е заинтересиран за контролата на оружјето, јавното здравство и зачувувањето на животната средина.

Неговата фондација „Блумберг  филантропис“ во последната деценија потрошила повеќе од милијарда долари за сузбивање на користењето цигари.

Семејството Волтон

Петти на листата најголеми донатори се членовите на семејството Волтон. Тие вложуваат во едукација и зачувување на животната средина, а за пет години дале 2,3 милијарди долари. Но, тоа е само делче од неверојатната сума од 181,4 милијарди долари, колку што „тежи“ ова најбогато семејство во светот.

Семејството Волтон е сопственик на најголемиот светски трговски синџир „Волтмарт“. сд/

Back to top button
Close
Close