0_Македонија.ПорталДописници МКД

Избрани конгресните делегати од општинската организација на СДСМ за следните четири години

Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка во просториите на кино салата на Центарот за култура Крива одржа конференција за избор на делегати за Конгрес за мандатен период 2020-2024 година.

Крива Паланка, 20 септември 2020 (МИА) – Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка во просториите на кино салата на Центарот за култура Крива одржа конференција за избор на делегати за Конгрес за мандатен период 2020-2024 година.

– Конференцијата беше организирана согласно сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Михаил Дејановски, даде извештај од парламентарните избори. Гости на конференцијата беа Венко Филипче од комисијата за здравство на СДСМ и Борис Тунџев од комисијата за транспорт и врски на СДСМ. Филипче и Тунџев говореа за идните планови и активности на СДСМ во претстојниот период, информираат од ОО СДСМ, Крива Паланка.

На конференцијата едногласно беа избрани осумте делегати, претставници во конгресот на СДСМ за мандатен период септември 2020-септември 2024. ид/мс/

Back to top button
Close
Close