0_Македонија.ПорталОпштество

Избран нов Универзитетски одбор на ФОН

Универзитетот ФОН избра нов Универзитетски одбор за доверба (Board of Trustees) - советодавно тело за прашања поврзани со развојот и афирмацијата на ФОН во земјава и во странство, одржување на квалитетот на високото образование и промовирање на научните и наставните практики на Универзитетот, усогласување на наставните практики со европски и меѓународни стандарди, развој на научно-истражувачките активности, формирање нови факултети...

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Универзитетот ФОН избра нов Универзитетски одбор за доверба (Board of Trustees) – советодавно тело за прашања поврзани со развојот и афирмацијата на ФОН во земјава и во странство, одржување на квалитетот на високото образование и промовирање на научните и наставните практики на Универзитетот, усогласување на наставните практики со европски и меѓународни стандарди, развој на научно-истражувачките активности, формирање нови факултети…

Одборот се состои од 31 член, етаблирани имиња од светот, како: поранешниот премиер на Италија Романо Проди, поранешната премиерка на Данска Хеле Торнинг Шмит, проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО, нобеловците Роберт Мундел, Видед Боуцхамоуи, Вернер Арбер, Уидед Бушамауи… фудбалерот и тренер Винченте дел Боск Гонзалез…

– Бенефит ќе има и државата и целата академска заедница од достапноста на овие реномирани професори, нобеловци, научници, бивши лидери на земји, политичари и експерти. Основањето на Одборот за доверба е значаен чекор во филозофијата на Универзитетот: постојано усовршување и развивање – со една единствена цел – да донесе поквалитетно образование за своите студенти. Дел од Одборот првпат допатува оваа недела во Македонија, за да се обрати пред домашната јавност на симпозиум, а остатокот од Одборот ќе го посетува Универзитетот во текот на целиот семестар, соопшти Универзитетот ФОН. хс/скс/

 

 

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close