Свет

Изборната трка во Израел ќе биде тесна, покажуваат завршните анкети

Резултатите од истражувањето на јавното мислење, објавени денеска во израелските медиуми, покажуваат дека изборната трка на 23 март ќе биде тесна, а судбината на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе зависи од малите партии.

Ерусалим, 19 март 2021 (МИА)Резултатите од истражувањето на јавното мислење, објавени денеска во израелските медиуми, покажуваат дека изборната трка на 23 март ќе биде тесна, а судбината на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе зависи од малите партии.
Поранешниот сојузник, кој го критикуваше, не ја исклучи можноста за влез во коалицијата.
Парламентарните избори во Израел, четврти во последните две години, се сметаат како референдум за Нетанјаху, најдолговечниот премиер во историјата на земјата.

Тој во моментов води една од најуспешните кампањи за вакцинирање против коронавирус во светот, но му се суди и за корупција.

Анкетите покажуваат дека десничарската партија Ликуд на Нетанјаху може да освои околу 30 места во парламентот (Кнесетот) со 120 пратеници.

Сепак, сојузништвото со нејзините природни сојузници, ултраортодоксните еврејски партии и малата десничарска партија би му обезбедиле само 50 места.

На спротивната страна се идеолошки различни партии, но нивната цел е да го сменат Нетанјаху.

Заедно, тие би можеле да имаат од 56 до 60 места, што исто така не е доволно.

Доколку никој не состави коалиција, ќе се одржат нови избори кон крајот на оваа година. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close