БалканБалкан.Портал

Изборите во Црна Гора можно е да се одложат за октомври

Поради ситуацијата со новиот коронавирус во Црна Гора, претседателот на Управниот одбор на Центарот за мониторинг и истражување, Златко Вујовиќ, смета дека изборите, кои се закажани за 30 август, треба да се одложат.

Подгорица, 20 јули 2020 (МИА) – Поради ситуацијата со новиот коронавирус во Црна Гора, претседателот на Управниот одбор на Центарот за мониторинг и истражување, Златко Вујовиќ, смета дека изборите, кои се закажани за 30 август, треба да се одложат.

Уставниот рок за нивно одржување е средината на октомври и според Вујовиќ, „треба да им се даде шанса на здравствените работници, но и на граѓаните, ситуацијата да се подобри“.

– Поради коронавирусот не треба животот да застане, но тоа не значи дека по секоја цена треба да се организираат избори во време кога епидемиолошката ситуација во земјата е лоша, смета Вујовиќ.

Тој истакна дека „изборите мора да се одржат и покрај Ковод-19, но во рамки на уставниот рок треба да се најде термин, дури и последниот – 18 октомври“.

– Можеби епидемијата ќе биде силна и во октомври, но можеме да кажаме дека сме направиле се како одговорни лица и да избереме термин кој им остава простор на нашите здравствени институции да дадат одговор на сето тоа, порача Вујовиќ. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close