0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПарламентарни избори 2020Политика

Шеесетина странски новинари акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи.

Скопје,  15 јули 2020 (МИА) – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи.

За изборите од терен ќе известуваат 57 странски новинари, кои добија акредитации од Државната изборна комисија.

Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката национална телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германската АРД, Европската фото прес-агенција – ЕПА, Турската радио-телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио-телевизија Косово, Би-би-си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.

Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава. са/ев/ 

Back to top button
Close
Close