0_Македонија.ПорталПолитички партии

Изјава за медиуми на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ станува партија во која конзумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери.

Скопје, 18 август 2020 

Почитувани,

СДСМ станува партија во која конзумацијата на кокаин е нормална и вообичаена појава за партиските функционери.

По Павле Богоевски, кој беше фатен како нарачува кокаин додека ја извршувал функцијата пратеник, вчера медиумите објавија дека е фатен со кокаин кадарот на Петре Шилегов – Сенад Смаиловиќ Сенко, директорот на ЈП Улици и патишта-Скопје. Сенко е фатен со цели две кесички кокаин.

Дали тоа значи дека истиот или е дилер или веќе подолг период е корисник на овој наркотик. Аздисаноста од власта и моќта, очигледно ја зголеми конзумацијата на кокаин помеѓу функционерите на СДСМ.

Државни функционери стануваат се почести корисници на кокаин, а реакцијата на власта со нивно разрешување откако ќе бидат фатени на дело е задоцнета и лицемерна. СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции, и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе, но и целата држава, ова е недозволиво, опасно, но и ги става под знак прашалник нивните одлуки и колку тие се носени трезвено. Се поставува прашањето дали скопјани газат рунирани улици и полни со дупки затоа што директорот на ЈП Улици и патишта бил под дејство на некоја психотропна супстанца додека ги извршувал работните задачи?

СДСМ го сведе Скопје на ниво со него да управуваат луѓе со искривени морални вредности и лошо општествено поведение.

Скопје е заложник на шака луѓе, кои не го изградиле ниту својот личен имиџ, и никако не можеме да очекуваме да го градат имиџот на градот.

Разрешувањето на Сенко не треба да биде последен чекор. Шилегов сам треба да си поднесе оставка, затоа што тој е човекот кој именува вакви луѓе и им дозволува да менаџираат со јавните претпријатија и нашите пари.

Оставка од Шилегов веднаш!

Ви благодарам на вниманието

Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close