Политички партии

Изјава на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ за новите аудиоснимки објавени на Јутјуб

Зоран Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал. Заев веќе требаше да биде приведен. Заев е главата на криминалниот октопод и денеска за тоа излегоа и аудио снимки кои тоа го директно го потврдуваат.

Скопје, 27 јуни 2020

Зоран Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал. Заев веќе требаше да биде приведен. Заев е главата на криминалниот октопод и денеска за тоа излегоа и аудио снимки кои тоа го директно го потврдуваат.

Од снимките кои денеска беа објавени на социјалната мрежа Јутјуб се слуша гласот на српскиот бизнисмен со руски врски – Дака, како му кажува на Зоки Кичеец дека на Заев му дал 300.000 евра и 2000 квадрати земјиште, а за возврат ништо не добил.

– Ги знам тие ваши трикови, вели наводно српскиот бизнисмен со руски врски, јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2000 квадрати работата не е завршена, што сакате уште, се слуша како Дака му вели на Зоки Кичеец.

Дополнително Дака вели дека така дадените пари Заев ги искористил за инженеринг на референдумот.

Дали ова значи и дека Заев со црни пари финансирал кампања или можеби и вршел поткуп?!

Дали Заев со странски изрекетирани пари го продавал името?!

Ова е директен доказ дека Заев е вмешан во огромен поткуп, земал пари за услуги, кои ги ветувал од позицијата премиер.

ЈО по обичај кога станува збор за Зоран Заев молчи. Нема никаква реакција, иако во јавноста излезе снимка од која директно се слуша дека Заев земал 300.000 евра.

Секое непостапување во однос на овој случај е директно прикривање на криминал, очигледен и за студент од прва година правни студии.

Одговорност веднаш. Криминалот кој е пракса во изминативе три години мора да запре.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичмата. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close