0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваПарламентарни избори 2020Политика

Изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери по гласањето на парламентарните избори

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери го оствари своето гласачко право на избирачкото место во гостиварското село Форино.

Гостивар, 15 јули 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери го оствари своето гласачко право на избирачкото место во гостиварското село Форино.

По гласањето, Џафери посака изборниот процес да се заврши регуларно и без проблеми. Тој по гласањето замина во изборниот штаб во петтата изборна единица каде е носител на листата за пратеници од партијата ДУИ за да го изборите во оваа изборна единица.

– Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Со оглед дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам таму за да одблизу ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од корона вирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех, изјави Џафери.

Џафери во согласност со заштитните мерки на гласање во основното училиште „Форино“ беше придружуван од сопругата, која исто така го оствари правото на глас. згм/нд/

 

Back to top button
Close
Close