0_Македонија.ПорталПолитички партии

Изјава на Костадинов за партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

Несериозниот и неодговорен однос кон здравјето на граѓаните во време на сериозна здравствена криза од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжува.

Скопје, 21 јуни 2020 
Несериозниот и неодговорен однос кон здравјето на граѓаните во време на сериозна здравствена криза од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжува.
Откако Мицкоски неколкупати демонстрираше непочитување на протоколи и мерки задолжителни во време на епидемија, како седење во кафана во затворен дел, посета на теретана кога тие се забранети за работа, следно се организирањето на собири на граѓани исто така без почитување на задолжителните заштитни мерки.
По партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, без дистанца, а маски ретко кој и да носеше, вчера со ново сценарио опасно за здравјето на граѓаните.
Имено, на посетата во Струмица , Мицкоски и членови на ВМРО-ДПМНЕ повторно на дело со прекршување на задолжителните мерки на дистанца, неносење маски и групирање.
Но, како тоа да не беше доволно, Мицкоски пред јавноста изјави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот,нема да се крие зад цитирам: сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги  очекуваат.
Уште еден доказ во низата дека за оваа партија не важат никакви правила е и вчерашното делење на флаери на поставените штандови од нивна страна што де факто значи и предвреме започнување со изборната кампања која треба да започне на 24 Јуни.
ВМРО-ДПМНЕ од една страна бараа одложување на изборите ,купуваа денови,а како изговор ги ставаа граѓаните, а од друга страна тераат предвремена кампања без заштитни мерки.
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close