0_Македонија.ПорталПолитички партии

Изјава на генералниот секретар на СДСМ Николовски за реконструкција на патот Ранковце-К.Паланка

Денеска сме во мојот роден крај и задоволство е од тука да ја упатиме пораката до сите граѓани од овој регион за тоа дека рехабилитацијата на овој регионален пат Ранковце - Крива Паланка е пред самиот крај. Во износ од 2,6 милиони евра преку Владата на РСМ го финишираме и овој проект.

Скопје, 21 јуни 2020 
Почитувани пријатели, почитувани граѓани,
Денеска сме во мојот роден крај и задоволство е од тука да ја упатиме пораката до сите граѓани од овој регион за тоа дека рехабилитацијата на овој регионален пат Ранковце – Крива Паланка е пред самиот крај. Во износ од 2,6 милиони евра преку Владата на РСМ го финишираме и овој проект.
Истокот како еден од најзапоставените региони во претходните 10 години направивме пресврт во делот на патната инфраструктура.
Се гради насекаде, се гради плански и се поврзуваме не само со регионот туку и со Бугарија. Тоа на сите жители од овој регион многу им значи.
Покрај рехабилитацијата на овој пат во овие 2 години започнавме со изградба на новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка, проект којшто ќе чини 58 милиони евра. Ја завршивме експропријацијата, започнаа работите коишто се одвиваат по план.
Исто така започна и изградба на државниот пат Крива Паланка – Деве Баир. На големо задоволство можеме да кажеме дека подготвителните активности се завршени и го имаме деталниот план за почеток на работите и на овој регионален пат којшто не поврзува со Бугарија, во изност од 12 милиони евра.
Во регионот на Крива Паланка и Ранковце се рехабилитирани и сите останати регионални патишта и кон Огут и кон Луке и Голеш коишто се рехабилитираат после многу години. Навистина, Истокот беше еден од најзапоставените региони во минатото. За многу кратко време направивме многу работи за кои нема да се срамиме.
СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ има уште поголем и амбициозен план за Истокот во следниот период, за следниот мандат и за целата наша земја.
Предвидуваме изградба на 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 950 километри локални патишта и продолжуваме со рехабилитација на 1500 километри патишта низ целата земја.
Можеме уште подобро
Можеме уште повеќе
Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close