0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Изјава на Фаница Николовски, носителка на листата на СДСМ во ИЕ 6

Почитувани граѓани од шестата Изборната Единица, Ја започнуваме кампањата за претстојните Парламентарни избори 2020 година. На овие избори имате можност со вашиот глас да одберете, да одлучите да продолжиме да одиме напред кон светла иднина или пак ќе се враќаме назад во темното минато и ОБНОВА на режимот на ВМРО-ДПМНЕ!

Скопје, 24 јуни 2020 
Почитувани граѓани од шестата Изборната Единица,
 
Ја започнуваме кампањата за претстојните Парламентарни избори 2020 година. На овие избори имате можност со вашиот глас да одберете, да одлучите да продолжиме да одиме напред кон светла иднина или пак ќе се враќаме назад во темното минато и ОБНОВА на режимот на ВМРО-ДПМНЕ!
Можеме! Уште повеќе и уште подобро!
Можеме! Бидејќи знаеме и умееме!
Да обезбедиме повисок стандард за сите граѓани преку креирање нови работни места. Зголемување на минималната и просечната плата.
 Градиме општество со еднаква грижа за сите. Сите да имаат и уживаат еднаква права. Социјалната помош продолжува да расте! Го скршивме синџирот на сиромаштијата. Се грижиме за здравјето. Вложуваме во младите и образованието.
Обезбедуваме правда, ред и дисциплина, правна и праведна држава во која законот важи за сите. Ефикасна и независна јавна администрација, Администрација која ќе им служи на граѓаните, а не да биде товар.
Градиме еко-држава. Строга контрола и казна за загадувачите. Еко домаќинства и еко фабрики. Сите сме одговорни за животната средина.
Влеговме во НАТО. Влегуваме и во Европската Унија. Членка сме на најмоќниот воено политички сојуз – НАТО. Ја осигуравме безбедноста и сигурноста на државата. Тоа значи сигурна иднина за сите и гарантиран економски развој. Нови инвестиции и повисоки плати за сите.  Модерна армија и пристап до пазар од 4 милијарди евра.
Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Европски пари за европски стандардни дома. Повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта и водовод.
 Заедно знаеме и – МОЖЕМЕ!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close