0_Македонија.ПорталПолитички партии

Изјава на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ за РЕК Битола

Трет ден Васко Ковачевски и СДСМ молчат за кривичната пријава за рекет од 250.000 евра кои се обидел да го изнуди Васко Ковачевски.

21 јуни 2020 

Трет ден Васко Ковачевски и СДСМ молчат за кривичната пријава за рекет од 250.000 евра кои се обидел да го изнуди Васко Ковачевски.

Трет ден како Васко Ковачевски и СДСМ се обидуваат да ја прикријат аферата за РЕК Битола, каде што уништувале угледни фирми кои работеле таму, за сметка на фирма блиска до Вице Заев, тоа е фирмата СВ Инвест.

Ние и претходно говоревме за фирмата СВ Инвест дека добива работа по основ на непосредна релација со Вице и Зоран Заеви и тоа без никакво портфолио. Без механизација, без човечки кадар, Васко Ковачевски на незаконски начин ја избрка фирмата која не сакала да плати рекет од 250.000 евра и на нивно место преку договор во 4 очи тендерот го додели на фирмата СВ Инвест која е во непосредна релација со Вице Заев.

Рекетот стана најпрофитабилен занает и бизнис во СДСМ и во оваа влада предводена од СДСМ.

Практично, нема функционер од СДСМ кој не рекетира фирми кои добиваат тендери од државата и нема функционер од СДСМ кој не зема пари за секој доделен тендер. Тоа јавноста многу добро го знае и веќе неколку пати го слушна и го виде.

Бараме, Васко Ковачевски уште веднаш да биде разрешен од позицијата директор на ЕЛЕМ, позиција која што ја доби како награда за тоа што им одработи на Вице и Зоран Заеви со фирмите во РЕК Битола.

Исто така бараме, уште веднаш Васко Ковачевски, заедно со сите инволвирани и сите одговорни да биде повикан во Јавното обвинителство на сослушување и да се отпочне соодветна постапка соодветно кривичната пријава.

Доколку ова не се случи сега, верувајте ќе се случи многу набрзо штом се промени власта, бидејќи во моментов Јавното обвинителство е под канџите на Заеви.

Крајот на целиот криминал доаѓа за неполн месец. Граѓаните се свесни за целиот рекет кој го правите и граѓаните верувајте дека ќе ве казнат. А, дури потоа следува казната од правосудните органи која што ќе мора да си ја одлежите.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close