0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Изјава на Димче Арсовски на ВМРО-ДПМНЕ 

Три дена министерката Нина Ангеловска од СДСМ молчи и не даде одговор на јавноста дали изминатава година се стекнала со стан од околу 100 квадрати во висина од над 100.000 евра во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје? Атрактивна локација што е релативна скапа. 

Скопје, 24 јуни 2020

Три дена министерката Нина Ангеловска од СДСМ молчи и не даде одговор на јавноста дали изминатава година се стекнала со стан од околу 100 квадрати во висина од над 100.000 евра во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје? Атрактивна локација што е релативна скапа.

Три дена молчи и Антикорупциската комисија и не отвора постапка зошто Нина Ангеловска не го пријавила станот стекнат од над 100.000 евра со кој како што реков се стекнала изминатиот период.

Ова е премногу сериозна сума на пари во недвижен имот за кој Нина Ангеловска има законска обврска но и морална обврска кон граѓаните и институциите да пријави како го стекнала и кога го стекнала овој стан.

Зошто Нина Ангеловска го крие станот од над 100.000 евра и зошто воопшто антикорупциската комисија молчи за овој случај и не отвора никаква постапка?

Криењето на недвижен имот од страна на министер од над 100.000 евра е сомнителна постапка и сомнителен случај кој што треба веднаш да се истражи.

Во случај кога еден министер крие стан од над 100.000 евра тоа е доволен показател дека или е стекнат под сомнителни околности или пак има некоја друга сомнителна причина поради која што го крие станот од институциите и граѓаните.

Антикорупциската комисија како и секогаш е нема и глува за сите сомнителни случаи поврзани со функционерите на СДСМ.

Очекуваме реакција во најбрз можен рок и очекуваме постапка.

Во спротивно, антикорупциската комисија е соучесник во овој случај на прикривање. Молкот е потврда на нашите сомневања. Молкот е и од министерката и од антикорупциската комисија, три дена наназад.

Не за долго, се ќе се дознае и расчисти по смената на власта на 15-ти јули.

Изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close