Оригинални текстови

Изјава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство околу состојбата со земјоделците

Земјоделците изминативе три години ги доживеаја неправди, односно потценување на нивниот труд во делот на аграрниот сектор. Се она што ветуваше СДСМ во изминатите години, во предизборието во 2016 година остана само на хартија, а во реалниот сектор нема никаква помош.

Скопје, 2 јули 2020 

Денеска сум во посета на изборната единица 6, предмалку завршив со посета во општина Јегуновце и продолжив во посета на општина Брвеница.

Она што можам со жалење да констатирам е дека секаде во Република Македонја сликата е речиси иста.

Земјоделците изминативе три години ги доживеаја неправди, односно потценување на нивниот труд во делот на аграрниот сектор. Се она што ветуваше СДСМ во изминатите години, во предизборието во 2016 година остана само на хартија, а во реалниот сектор нема никаква помош.

Она што сакам да го ветам на сите земјоделци, и во овој дел на Република Македонија, е дека се обврзуваме да инвестираме преку 640 милиони евра во делот на субвенциите кои, пред се, ќе бидат редовни и навремено исплатени кој секоја категорија на земјоделци.

Исто така се обврзуваме да инвестираме 80 милиони евра, односно 20 милиони евра на годишно ниво, во делот на водостопанството бидејќи без навремено и квалитетно наводнивање не можеме да говориме за рентабилно земјоделско производство.

И нормално, се обврзуваме на еден чесен и искрен однос кон македонскиот земјоделец, затоа што после овие тешки години кои што ги преживеа со Зоран Заев на власт изминативе три години заслужува да биде на пиедисталот и да биде неговиот трду вреднуван како што заслужува и доликува.

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close