0_Македонија.ПорталПолитика

Ивановска-Османи:Испорачаните резултати од ДКСК дополнителен адут за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ

Придонесот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во испорачување резултати кои ја гарантираат борбата против корупција, а кои ќе бидат дополнителни адути за вонредниот извештај на ЕК што се очекува во февруари, улогата на ДКСК за фер и регуларни избори, особено за претстојните кои временски коинцидираат со финалната одлуката на ЕК за почеток на преговори и што прави Владата за ДКСК да ги има сите услови, просторни, кадровски, финансиски капацитети да се бори со корупцијата, беа трите прашања за кои во детали разговарале на денешната средба заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. 

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Придонесот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во испорачување резултати кои ја гарантираат борбата против корупција, а кои ќе бидат дополнителни адути за вонредниот извештај на ЕК што се очекува во февруари, улогата на ДКСК за фер и регуларни избори, особено за претстојните кои временски коинцидираат со финалната одлуката на ЕК за почеток на преговори и што прави Владата за ДКСК да ги има сите услови, просторни, кадровски, финансиски капацитети да се бори со корупцијата, беа трите прашања за кои во детали разговарале на денешната средба заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

По работната средба, за која Ивановска и Османи изјавија дека била конструктивна, изразија очекување дека  првата Национална стратегија за спречување корупција и судир на интереси поднесена минатиот петок во Собранието ќе биде усвоена и тоа ќе претставува добар сигнал до ЕК дека сме подготвиле и сме усвоиле стратегија која ќе почне да се применува.

Вицепремиерот Османи изрази жалење што и оваа средба е во старите простории, и како што рече, веројатно поради грешки во координацијата на институциите. Се договориле, информира тој, многу брзо да се корегира таа слабост, за што побрзо антикорупција да влезе во новите простории и со нова опрема обезбедена од ИПА средствата.

Според вицепремиерот Османи, ДКСК изминатиот период покажала дека знае како да ги спречи малите девијации во изборниот процес и очекуваме, подвлече, блиска соработка со Владата овој пат да имаме перфектни избори.

– Секоја мала девијација ќе биде под микроскоп и ќе остане во свежата меморија на земјите – членки пред донесување на одлуката. Кога изборите би биле на година или две години временска разлика со самитот на ЕУ, веројатно некои мали работи би се подзаборавиле од крупните. Но, на овој Самит и најситните работи ќе бидат забележани, вреднувани, оценувани при донесување на одлуката за почеток на преговори, изјави по средбата вицепремиерот Османи.

На средбата, која овој пат, како што рекоа и Османи и Ивановска е пред медиумите, инаку соработката тече континуирано, претседателката на ДКСК  меѓу другото го информирала за плановите за следење на изборната кампања, за финансирањето на политичките партии, но и жалење што сугестиите упатени до работната група за промени на Изборниот законик, се уште не се усвоени.

–  Во соработка со меѓународна невладина организација, ДКСК подготвува платформа на која ќе се разменуваат информации односно политичките партии ќе ги доставуваат своите извештаи, рече претседателката на ДКСК.

На новинарско прашање зошто е прифатена средба со владин претставник, затоа што ДКСК е независно тело формирано од Собранието, Ивановска нагласи дека се работи за прашања што се во интерес за целата држава односно за Национална стратегија и за да се покаже подготвеноста на нашата држава пред ЕУ за тоа оти сме подготвени да се бориме против општественото зло-корупцијата.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто досега не е одговорено на повиците од ДКСК за потребите за доекипирање, просторно, кадровски, финансиски…Османи појасни дека прашањето со просторот се искомплицирал премногу заради бирократски и законски прашања помеѓу институциите, а тоа одложување, постенцира, влијаеше на одложување на реализација на ИПА проектот.

–   Ги повикуваме политичките партии и да им укажеме за Законот за јавно обвинителство, за стратегијата, за потребата од внимателност во изборниот процес, но и ДКСК да ги даде своите пораки во овој контекст, рече меѓу другото Османи. цр/скс/

Back to top button
Close
Close