РакометСпорт

Иван Чупиќ во јули се сели од Вардар 1961 во Загреб

Хрватскиот ракометен репрезентативец Иван Чупиќ, по шест години минати во екипата на Вардар 1961 и двете освоени титули со македонскиот тим во Лигата на шампиони, на крајот на оваа сезона ќе се пресели во тимот на Загреб.

Загреб, 5 февруари 2021 (МИА) – Хрватскиот ракометен репрезентативец Иван Чупиќ, по шест години минати во екипата на Вардар 1961 и двете освоени титули со македонскиот тим во Лигата на шампиони, на крајот на оваа сезона ќе се пресели во тимот на Загреб.

Хрватскиот шампион соопшти попладнево дека со десното крило на актуелниот македонски првак е потпишан тригодишен договор, со важност од јули 2021 година.

Чупиќ (34) дојде во Вардар во 2016 година, освојувајќи со македонскиот тим три шампионски и две куп титули на домашната сцена, како и два трофеи во европската Лига на шампиони (2017, 2019) и три во регионалната СЕХА лига.

– Полни 15 години играм во странство и Загреб за мене и моето семејство дојде во вистински момент. Почувствував лична хемија, амбиција и нов предизвик во кариерата, што секако ми помогна при одлуката. Се надевам дека сè ќе излезе добро“, изјави Чупиќ по потпишувањето на договорот со хрватскиот ракометен првак. ег/оџ

Back to top button
Close
Close