БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Итен состанок на Советот за национална безбедност на Словенија поради ситуацијата во Италија

Поради брзото ширење на коронавирусот во Италија, словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 24 февруари 2020 (МИА) – Поради брзото ширење на коронавирусот во Италија, словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

И покрај тоа што во Словенија се уште нема потврден случај на лице заболено со Ковид-19, здравствените власти сметаат дека е само прашање на време кога и кај нив ќе се појави вирусот, имајќи предвид дека голем број словенечки граѓани секојдневно патуваат и се враќаат од Италија.

Словенечкиот министер за здравство Алеш Шабедер изјави дека на состанокот ќе се направи план за преземање дополнителни мерки против евентуално ширење на вирусот и во Словенија. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close