Дописници МКДОпштински вести

Италијанскиот амбасадор Силвестри во посета на Општина Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денеска остварија средба во Општина Куманово каде разговараа за досегашната и идната соработка на полето на образованието, но и на економијата.

Куманово, 22 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денеска остварија средба во Општина Куманово каде разговараа за досегашната и идната соработка на полето на образованието, но и на економијата.

– Разговараме за моменталните инвестиции на италијанските компании во градот и продлабочување на можностите за инвестиции на странските партнери во градот, со посебен осврт на новата индустриска зона Речица и Новине, за која сакаме до крајот на мај да го објавиме првиот повик за продажба на парцелите, изјави Димитриевски.

Амбасадорот рече дека сакал да го посети Куманово затоа што е многу важен град, каде веќе има присуство на италијански инвеститори, каде се изучува италијанскиот јазик.

– Разговаравме со градоначалникот како да се развијат инвестициите и мислам дека можеме да работиме на партнерства преку ЕУ, но и билатерално со Италија на повеќе полиња. Веќе сме присутни во чевларската индустрија, но можеме да работиме и на инвестиции во агросекторот и други индустрии, рече амбасадорот.

Тој се надева дека по завршување на ковид-пандемијата ќе се направи чекор наред во развојот на односите.

Димитриевски, исто така, информираше дека со амбасадорот разговарале и за изучувањето на италијанскиот јазик во училиштата во градот.

Двајцата соговорници ја истакнаа досегашната добра соработка на општината и амбасадата. Димитриевски му посака успешна работа на Силвестри и изрази надеж дека дополнително ќе се продлабочат релациите и ќе се зајакне економската соработка.

Амбасадорот оствари средба и со професорите по италијански јазик од училиштата од Куманово. ам/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close