0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Италијански медиуми: Роналдо би можел да замине во Манчестер јунајтед или ПСЖ

Кристијано Роналдо во летниот преоден рок би можел да замине во ПСЖ или да се врати во Манчестер јунајтед, јавуваат италијанските медиуми.

Торино, 1 април 2020 (МИА) – Кристијано Роналдо во летниот преоден рок би можел да замине во ПСЖ или да се врати во Манчестер јунајтед, јавуваат италијанските медиуми. Според нив, Јувентус наводно бил подготвен да го „жртвува“ Португалецот во моменти на финансиска криза поради коронавирусот.

Засега најзаинтересирани се од ПСЖ, особено ако налето дојде до разделба со Бразилецот Нејмар кого го купи од Барселона за 222 милиона евра. Како втора можна дестинација за Роналдо што ја најавуваат италијанските медиуми е Манчестер јунајтед, чиј дрес го носеше од 2003 година до 2009 година.

Јувентус би се разделил од Роналдо за 70 милиони евра, пред сè поради годишната плата од 31 милион евра што претставува голем товар за италијанскиот фудбалски шампион, се наведува во извештаите. сѓд/

Back to top button
Close
Close