Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Италијанската полиција растури мрежа препродавачи на заштитини маски

Италијанската полиција разбила голема криминална мрежа на препродавачи на заштитни маски и средства за дезинфекција кои на овие производи сакале да заработат огромна сума пари.

Рим, 11 март 2020 (МИА) – Италијанската полиција разбила голема криминална мрежа на препродавачи на заштитни маски и средства за дезинфекција кои на овие производи сакале да заработат огромна сума пари.

Во текот на претресот што полицијата го извела синоќа во просториите на триесетина фабрики во дваесетина општини во околината на Бари, во покраината Апулија, запленети се заштитини маски, гел за дезинфекција и влажни марамчиња во вредност од 220.000 евра, информира денеска државното обвинителство.

Криминалната мрежа планирала да ја искористи епидемијата од коронавирус во Италија од која се заразени над 10.000 лица, а од кои досега починаа повеќе од 600 заразени.

Првите луѓе на фабриките во кои биле извршени претресите се италијански и кинески државјани.

Истражителите наведуваат дека некои аптеки маските ги продавале со 6.000 отсто поголема маржа. Маските ги купувале на големи и „ одделно ги препакувале во проѕирни кесички“. сд/

 

Back to top button
Close
Close