0_Web_Насловна-слајдер

Италијанската полиција приведе 94 лица под сомнение за злоупотреба на средства од ЕУ

Според италијанските медиуми, сицилијанската мафија со измама ја оштетила ЕУ за повеќе од 10 милиони евра наменети за помош на земјоделството

Рим, 15 јануари 2020 (МИА) – Припадници на карабинерите и финансиската полиција денеска приведе 94 лица на Сицилија под сомнение дека злоупотребиле милиони евра од фондовите на Европска Унија наменети за помош на земјоделците.

Помеѓу приведените се шефовите на две мафијашки фамилии, нотари, бизнисмени. Во близина на Месина уапсени се и вработени во јавната администрација и нотари под сомнение дека работеле за мафијата.

Според италијанските медиуми, сицилијанската мафија со измама ја оштетила ЕУ за повеќе од 10 милиони евра наменети за помош на земјоделството.

Осомничените се уапсени во рамките на истрагата со која треба да биде утврдено дали се членови на мафијата или и помагале, како и под обвинение за изнуда и измама на јавните фондови.

– За помош од ЕУ со измама пријавени се илјадници хектари, изјави државниот обвинител за борба против мафијата Федерико Кафијеро де Рахо.

Последните години земјоделците кои одбиле да бидат вмешани во измама, пријавувале дека добиваат закани од Коза ностра. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close