Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Италијанците во карантин пеат на терасите за да не се чувствуваат осамено (ВИДЕО)

Италијанците, кои речиси една недела поради коронавирусот се во карантин, почнуваат да излегуваат на терасите и да пеат, јави дописникот на МИА.

Рим, 13 март 2020 (МИА) – Италијанците, кои речиси една недела поради коронавирусот се во карантин, почнуваат да излегуваат на терасите и да пеат, јави дописникот на МИА.

Според италијанските медиуми, тоа го прават за да не се чувствуваат осамено. На социјалните мрежи се споделуваат видеа, со кои се пренесува атмосферата од населените места низ Италија.

Со кампања на интернет под мотото „Погледни низ прозорецот”, секој ден во 18 часот се повикуваат граѓаните да излезат на прозорците и терасите и сите заедно да пеат. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close