Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Истражување: Три четвртини британски компании не се подготвени за брегзит

Три четвртини од британските компании не се подготвени за брегзит, се нагласува во истражување на Институтот ИоД. (Institute of Directors)

Лондон, 13 јули 2020 (МИА) – Три четвртини од британските компании не се подготвени за брегзит, се нагласува во истражување на Институтот ИоД. (Institute of Directors)

Половина од речиси 1.000 анкетирани шефови на деловни активности велат дека не можат да се подготват во моментот, помеѓу нарушувањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот и потребата за детален излез на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција кон крајот на декември.

Една четвртина велат дека се подготвени, и тоа се фирми претежно во финансискиот сектор.

ИоД повикува на „прогресивно спроведување во корист на сите“ на промените што ќе произлезат од брегзит и „помош за малите и средни фирми да имаат пристап до професионалци“ и подобро да се подготват. зш/

Back to top button
Close
Close