Svet.SlajderСветСвет.Портал

Истражување: Можно е мутираниот вирус Ковид-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Генетската верзија на новиот коронавирус што предизвикува Ковид-19 и е распространет низ целиот свет, во лабораторија се покажа поспособна да инфицира човечки клетки од оригиналната форма што се појави во Кина, покажува најновото истражување објавено во списанието „Сел“ (Cell)

Вашингтон, 3 јули 2020 (МИА) – Генетската верзија на новиот коронавирус што предизвикува Ковид-19 и е распространет низ целиот свет, во лабораторија се покажа поспособна да инфицира човечки клетки од оригиналната форма што се појави во Кина, покажува најновото истражување објавено во списанието „Сел“ (Cell).

Истражувањето спроведено во лабораторија сугерира дека мутацијата може полесно да се пренесува меѓу луѓето за разлика од претходната варијанта, но се уште не е докажано.

– Мислам дека податоците покажуваат дека постои мутација што овозможува вирусот подобро да се размножува и може да биде придружена од поголема концентрација на вирусот, изјави Антони Фаучи, главниот американски инфектолог, кој не беше вклучен во истражувањето.

Фаучи додаде дека нема информација дали состојбата на заразеното лице е полоша или не, само се чини дека вирусот успешно се репродуцира и може лесно да се пренесе, но тоа треба да се потврди.

Научниците од лабораторијата во Лос Аламос во Ново Мексико и Универзитетот Дјук во Северна Каролина заедно со Универзитетот Шефилд анализираа примероци објавени од ГИСАИД, светски извор на секвенција на геноми.

Истражувањата утврдија дека сегашната варијанта „Д614Г“ има мала, но моќна промена во протеините, што се издига од површината на вирусот и користи да се пробие и да ја зарази човечката клетка.

Во април, научниците ги објавија првите наоди на веб-страната „bioRxiv“, но беа критикувани бидејќи немаа докази дека мутацијата е одговорна за доминација на таа варијанта во светот затоа што може да биде резултат на други фактори или обична случајност.

Научниците спроведоа ново истражување, во кое анализираа податоцина 999 британски пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 и и откриле дека оние со новата верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест не била различна.

Лабораториските експерименти покажаа дека оваа верзија има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка.

Според претходните сознанија, иако варијантата на вирусот што сега циркулира е „позаразна“, може, но не мора, полесно да се пренесува кај луѓето.

Вирологот Натан Грубауг од универзитетот Јеил, кој не учествуваше во студијата, истакна дека ширењето на новата генетска варијанта, „по природна селекција или со обична шанса“, значи дека оваа варијанта сега е причина за пандемијата.

Тој проценува дека истражувањата допрва треба да утврдат дали оваа нова варијанта ќе влијае на развојот на вакцини и лекови и посочува дека не очекува „Д614Г“ да предизвика промени во мерките за ограничување на ширењето на вирусот или да предизвика посериозна состојба кај заразените.

– Интересно е откритието што може да зафати милиони луѓе, но се уште не го знаеме целосниот обем или неговото влијание, додава Грубауг. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close