0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталSvet.SlajderМКДСветСвет.Портал

Истражување: Македонија обезбедува поголема еднаквост на работните места од САД и Шведска

Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска нудат поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка, покажува индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот совет за надворешни односи (ЦФР).

Брисел, 13 декември 2018 (МИА) – Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска нудат поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка, покажува индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот совет за надворешни односи (ЦФР).

Таа тинк-тенк организација рангираше 189 држави врз основа на неколку фактори за еднаквост на работното место, како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на трудот, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство.

Рзултатите, објавени вчера, се пресметуваат од одговорите на 60 прашања за правото и политиката, вклучувајќи ги: Може ли жените да работат исто онолку часови како и мажите? Дали на мајките им се загарантирани еднакви позиции по породилното отсуство? Дали законот забранува дискриминација од страна на доверителите врз основа на брачниот статус и пристапот до кредит?

Максималниот резултат – со позитивен одговор на сите прашања – е 100, но ниту една земја не го постигна тој резултат.  Австралија, која ја предводи листата за еднаквост на работното место, оствари 94,9 поени, додека Јемен е на дното, со 24,2 поени.

Македонија се наоѓа на 17. место со 86,6 поени. Од регионот, најдобро пласирана е Босна и Херцеговина со 92,2 поени (6 место), потоа Хрватска со 87,7 поени (15. место), а зад Македонија се Словенија на 33., Албанија на 38., Косово на 41., Бугарија на 47., Грција на 51. и Србија на 53. место.

Од најдобро рангираните, по Австралија следуваат Канада и Нов Зеланд, а САД се на 20 место, Шведска на 21, Белгија на 23. и Германија на 31 место.

ЦФР предупредува дека често постои разлика помеѓу законите и фактичката состојба во една земја. Сепак, индексот нуди важен одраз на законските права на жените. Тоа покажува дека американското право, на пример, ги поддржува жените што се однесува до пристапот до институциите и градењето кредититен рејтинг, но не кога станува збор за еднакво родово вработување, запирање на насилството врз жените и кредибилитетот на жените во суд. Во Норвешка треба да се работи на заштита на жените од родово насилство, а постои целосен недостиг од закони и прописи кои го поддржуваат пристапот на жените до кредит. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close