Svet.SlajderСветСвет.Портал

Истражување: Две-третини од младите Американци не знаат колку луѓе се убиени во холокаустот

Речиси две-третинии од младите Американци не знаат дека во холокаустот се убиени шест милиони Евреи, додека секој десети смета дека Евреите го предизвикале холокаустот, покажуваат резултатите од истражувањето на Конференцијата на еврејски материјални обвиненија против Германија (Claims Conference)

Вашингтон, 17 септември 2020 (МИА) – Речиси две-третинии од младите Американци не знаат дека во холокаустот се убиени шест милиони Евреи, додека секој десети смета дека Евреите го предизвикале холокаустот, покажуваат резултатите од истражувањето на Конференцијата на еврејски материјални обвиненија против Германија (Claims Conference).

Од испитаниците на возаст од 18 до 39 години, 48 проценти не можеле да наведат ниту еден логор или гето од Втора светска војна, додека дури 23 отсто изјавиле дека холокаустот е мит и се претерува кога се зборува за тоа.

За холокаустот не слушнале еден од осум испитаници односно осум проценти.

– Резултатите од истражувањето се шокантни и тажни и покажуваат зошто преживеаните мора да зборуваат за тоа. Мораме да сфатиме зошто не ни оди добро во образованието на младите за холокаустот и лекциите од минатото. Ова треба да е аларм и показател дека треба да реагираат надлежните, изјави претседателот на Конференцијатра, Гидеон Тејлор.

Вкупно 63 проценти од испитаниците не знаеле дека во холокаусотот се убиени шест милиони Евреи, а 36 отсто од нив изјавиле дека се убиени два милиони луѓе или помалку. Додека 11 проценти одговориле дека Евреите го предизвикале холокаустот.

Во истражувањето биле испитани илјада луѓе по случаен избор во различни американски држави. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close