Дописници МКДОпштински вести

Истекува рокот на јавните повици за субвенционирање на велешани за купен велосипед и за сончев термален колектор за 2021 година

Сите заинтересирани граѓани заклучно со 5 август можат да поднесат барање за надоместување на трошоците за купен велосипед односно сончев термален колекторза 2021,  заедно со потребната документација во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, информираат од Општина Велес.

Велес, 3 август 2021 (МИА) – Сите заинтересирани граѓани заклучно со 5 август можат да поднесат барање за надоместување на трошоците за купен велосипед односно сончев термален колекторза 2021,  заедно со потребната документација во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, информираат од Општина Велес.

Општината за оваа намена од општинскиот буџет ќе издвои еден милион денари или по 500 илјади за набавка на велосипеди и исто толку за набавка на сончеви колектори.

Како што појаснуваат од Општина Велес, интересот за пријавување на граѓаните за субвенционирање е голем, а ќе бидат избрани по принципот прв дојден прв услужен.

За граѓаните кои набавиле нов велосипед во овој рок додека трае јавниот повик Општина Велес ќе им исплати за велосипед по три илјади денари и за набавка на сончев колектор по 15 илјади денари, односно 50 проценти од неговата цена. ад/мс/

Back to top button
Close
Close