0_Магазин.ПорталАвтомобили

Исполнета последната желба – политичар погребан во својот омилен мерцедес Е-500

Политичарот и починал минатата седмица одејќи кон својот Е-500 - еден од многуте луксузни мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде.

Преторија, 10 април 2020 (МИА) – Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, како последна желба посакал да биде закопан во неговиот омилен мерцедес.

Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500 – еден од многуте луксузни мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде.

Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика.

– Никогаш не сме имале вакво барање и процес беше тежок и стресен, изјави Табисо Мантутле – директор на погребното претпријатие кое, сепак, успеа да го пикне целиот автомобил под земја.

Неговото семејство му ја исполнило последната желба. А, на погребот на инаку прилично популарниот политичар, веројатно и поради пандемијата на коронавирусот, се појавиле мал број луѓе. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close