Дописници МКДОпштински вести

Исплатени субвенциите за набавка на велосипеди во Кочани

Со исплата на финансиската поддршка за набавка на нови велосипеди, Општина Кочани ја заврши постапката за субвенционирање на граѓаните кои ги исполниле условите во конкурсот.

Кочани, 26 мај 2021 (МИА) – Со исплата на финансиската поддршка за набавка на нови велосипеди, Општина Кочани ја заврши постапката за субвенционирање на граѓаните кои ги исполниле условите во конкурсот.

Исплатени се субвенциите за велосипед на осумдесет и три лица, жители на Кочани, кои се пријавија на јавниот повик од локалната самоуправа и кои се определија да користат велосипед како рекреативно или превозно средство.

-Комисијата утврди дека сите баратели ги исполниле условите за субвенција, со што на секого му е надоместен износ во висина од по три илјади денари. Постапката што ја водеа општинските служби при утврдувањето на исполнетоста на условите, заврши со увид на купените велосипеди за кои граѓаните побараа субвенционирање. Според интересот што е искажан, субвенции за велосипед добија 50 мажи и 33 жени, истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

За реализација на субвенционирањето, од општинскиот буџет беа обезбедени 350 илјади денари со цел да се стимулира набавката на стотина нови велосипеди според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Заедно со поддршката за набавка на инвертер климатизери или печки на пелети, оваа мерка е дел од општинската Програма за заштита на животната средина. Целта е да се подигне јавната свест за намалување на аерозагадувањето и да ги стимулира жителите на Кочани да користат велосипед како еколошко превозно средство.та/свс/

Back to top button
Close
Close