0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Исплатени 137,3 милиони денари за јаболкарите од реколтата 2018 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566 субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Скопје, 20 декември 2019 (МИА) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566 субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Како што денеска информираа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, висината на поддршката за оваа мерка изнесува три денари по килограм предадено јаболко.

– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат остварено производство на јаболка од реколта 2018 година и истите произведеното јаболко во период од 12 октомври 2018 година до 25- ти јуни 2019 година ги предале кај регистриран откупувач, стои во соопштението од АФПЗРР.

Оваа Влада од почеток на мандатот до денеска, се посочува во соопштението, на сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, исплати вкупно 20,146,718,690.00 или 327,5 милиони евра на име субвенции.

– Во еден ден, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции, стои во соопштението. цр/сп/

Back to top button
Close
Close