Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Исплатена помошта за лозарите кои имаа предадено, а неисплатено грозје од винарниците

Лозарите кои го предале, а не го наплатиле грозјето од винарниците во периодот од 15 август 2014 до 15 ноември 2016 година денеска на сметка добија средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 8а „Дополнителна помош за предадено, а неплатено винско грозје“.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Лозарите кои го предале, а не го наплатиле грозјето од винарниците во периодот од 15 август 2014 до 15 ноември 2016 година денеска на сметка добија средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 8а „Дополнителна помош за предадено, а неплатено винско грозје“.

На сметките на 325 лица, Агенцијата исплатила вкупно 9.896.812 денари за предадено, а ненаплатено грозје. Висината на оваа дополнителна помош се утврдува според сортата на предадено грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Северна Македонија и која е утврдена на годишно ниво за период од 2014 до 2016- та година.

-Денеска се исплатени оние лозари кои беа на спискот од Државниот инспекторат за земјоделство и во периодот 2014 – 2015 година, предаденото грозје не им беше исплатено. Овие корисници во изминатиот период ги доставија потребните податоци и со тоа законски се стекнаа со можноста за добивање финансиска поддршка. Додека, останатите кои сеуште ги немаат доставено потребните податоци, ги повикуваме во најкраток рок да ги достават во Подрачните единици на МЗШВ, или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рураниот развој со цел истите да бидат исплатени, информираат од Агенцијата.

Вкупно по оваа мерка 8а досега на сметките на 2.592 лица исплатени се 100,578.318,00 денари.

Со ова, велат надлежните, се решава долгогодишен, наследен проблем и се исправа една неправда која им беше нанесена на лозарите.

Од Агенцијата најавуват дека праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува и дека парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почетокот на новата реколта. бк/са/

Back to top button
Close
Close