0_Web_АктуелноКултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Исмаили: Развој на регионалниот културен контекст со мобилност на уметниците и копродукциски проекти

Министерот за култура Хусни Исмаили во обраќањето на состанокот на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа што се одржува во Риека го истакна  значењето на политиките и инструментите на партнерите на регионалната платформа за одржување конструктивен дијалог и соработка во духот на меѓусебното почитување на различностите и толеранцијата, со цел градење современи, демократски и стабилни општества.

Скопје, 1 февруари 2020 (МИА) – Министерот за култура Хусни Исмаили во обраќањето на состанокот на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа што се одржува во Риека го истакна  значењето на политиките и инструментите на партнерите на регионалната платформа за одржување конструктивен дијалог и соработка во духот на меѓусебното почитување на различностите и толеранцијата, со цел градење современи, демократски и стабилни општества.

Како што информира Министерството за култура, Исмаили посочил дека за да се реализираат приоритетите на регионалната платформа, Министерството треба да овозможи активно учество на сите субјекти во културата во реализацијата на нашите политики.

– Мобилноста на уметниците и професионалците, нивната вклученост во копродукциски проекти со цел размена на искуства и градење професионални и институционални капацитети, претставува витален дел во процесот на профилирање и развој на регионалниот културен контекст. Фокусот на соработката и во иднина треба да биде насочен кон размената на искуства меѓу професионалните уметници и уметниците од сите дисциплини во културниот сектор, дигитализацијата и примената на новите технологии, заштитата на културното наследство, креирањето нови начини на негова презентација и промоција, борбата против нелегалната трговија со културни добра, заштитата на авторските права, развојот на креативните индустрии и културниот туризам, истакнал министерот Исмаили.

На состанокот е усвоена и потпишана декларација во која се идентификувани актуелни предизвици на културниот сектор и насоки за идната соработка.

Во обраќањето министерот Исмаили ѝ посакал и успех на Владата на Хрватска за предвидената агенда во рамките на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ и изразил благодарност за поддршката од Хрватска за нашата и за земјите од Западен Балкан за приклучување кон Унијата. хс/лв 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close