0_Спорт.ПорталФудбал

Иско не го заврши тренингот на Реал поради вакцината против коронавирус

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско го напушти последниот тренинг на тимот пред предвиденото време, информира „Марка“.

Мадрид, 22 јули 2021 (МИА) – Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско го напушти последниот тренинг на тимот пред предвиденото време, информира „Марка“.

Дваесет и деветгодишниот фудбалер пројави симптоми на настинка неколку минути откако го започна тренингот.

Како што е забележано, ова може да биде последица од вакцинацијата против КОВИД-19, која ја прими на 19 јули со неговите соиграчи.

Во исто време, Иско имаше два негативни теста на коронавирус пред тренингот.

На 25 јули, Реал во Глазгов ќе игра пријателски натпревар со Ренџерс. На 8 август,

„кралскиот“ клуб  ќе се соочи со Милан во Клагенфурт (Австрија). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close