0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

ИСИЕ: Локалните јавни претпријатија во Полошкиот Регион во голем дел не ги применуваат критериумите за отчетност и транспарентност

Во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиумите во контрола над работата на јавните претпријатија во Полошкиот Плански Регион“, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје спроведе анализа над работата на локалните јавни претпријатија во Полошкиот Плански Регион за 2019 година, согласно Алатката за отчетност и транспарентност изготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации. Целта на активноста е да се процени состојбата во овој сегмент за локалните јавни претпријатија во овој плански регион врз основа на што беа формулирани препораки.

Тетово, 17 август 2020 (МИА) – Во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиумите во контрола над работата на јавните претпријатија во Полошкиот Плански Регион“, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје спроведе анализа над работата на локалните јавни претпријатија во Полошкиот Плански Регион за 2019 година, согласно Алатката за отчетност и транспарентност изготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации. Целта на активноста е да се процени состојбата во овој сегмент за локалните јавни претпријатија во овој плански регион врз основа на што беа формулирани препораки.

Истражувањето е врз осум локални јавни претпријатија во Полошкиот Плански регион и покажало дека во голем дел локалните јавни претпријатија не ги применуваат критериумите за отчетност и транспарентност, согласно со Алатката изготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации.

-Само едно претпријатие од анализираните има објавено: (1) листа на информации од јавен карактер со кои располага претпријатието; (2) основни податоци за контакт со имателот на информацијата во претпријатието; (3) основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации; (4) објаснет начин за поднесување на барање за пристап до информации; (5) закони кои се однесуваат на надлежноста на претпријатието; (6) статутот на претпријатието; (7) програма за работа и развој; (8) организациската шема на локалното јавно претпријатие, се вели во заклучоците на истражуавњето.

Од анализата може да се заклучи дека постои евидентен простор за подобрување на активностите и капацитетите на локалните јавните претпријатија во Полошкиот Плански Регион за подобра отчетност и транспарентност на работењето.

-Се наметнува потреба од континуирана едукација на менаџментот и вработените за законските обврски во делот на транспарентност како и за следење на најдобрите практики на другите релевантни институции особено јавните претпријатија на национално ниво во однос на отчетноста на трошењето на јавните пари, велат од ИСИЕ.

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. ас/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close