Дописници МКДОпштински вести

Иселениците од Река кои работат во Турција заинтересирани да инвестираат во родниот крај

Иселениците по потекло од реканскиот крај, кои денес живеат и имаат свои бизниси во Република Турција, искажале интерес да инвестираат во родниот крај.

Ростуше, 13 јануари 2020 (МИА) – Иселениците по потекло од реканскиот крај, кои живеат и имаат свои бизниси во Република Турција, покажале интерес да инвестираат во родниот крај.

Ова било истакнато за време на средбата што нивни претставници ја имале со градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

-Градоначалникот Куртовски имаше работна средба со претседателот Фуат Бичиџи и членови на Управниот одбор на Клубот на наши иселеници од турскот град Измит, како и со претставници на Стопанската комора од истиот град, кои се по потекло се од реканскиот регион. На средбата беше разговарано за продлабочување на меѓусебната соработка, можностите за инвестирање во нашата општина, како и одржување на роднинските врски со нашинците кои живеат во Република Турција, информираа од општината.

Во Република Турција живеат многу иселеници кои по потекло се од реканскиот крај, како и од подрачјето на Жупа.

На неодамнешната средба на локалните власти на двете општини договорена е соработката со цел реализација на заедничката заложба и приоритет, а тоа е да привлечат што повеќе инвстиции на иселениците, кои, пак, покажуваат подготвеност. вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close