Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Иселеници од делчевското село Град организираа акција за собирање средства за семејството Миленковски

Иселениците кои потекнуваат од делчевското село Град, организираа акција за собирање средства за помош на Спаско и Радица Миленковски, чии услови за живот се катастрофални.

Делчево, 24 јуни 2021 (МИА) – Иселениците кои потекнуваат од делчевското село Град, организираа акција за собирање средства за помош на Спаско и Радица Миленковски, чии услови за живот се катастрофални.

Според информациите на иселеникот Марјан Маџовски донираните парични средства ќе бидат наменети за да им се подобри животот на нивните сограѓани.

– По иницијатива на иселеници кои потекнуваме од село Град, решивме да се собереме и да направиме собирна акција во чии рамки секој во своите можности донираше парични средства за помош на Миленковски Радица и Спаско. Целта е чекор по чекор да размислиме што е најдобро да се направи, за да им се помогне на немоќните наши сожители. Во комуникација сме сите кои се најдовме затекнати од овој случај и сигурен сум дека во брзо време ќе направиме се што е наша моќ ова семејство да се извлече од тешката ситуација, рече Маџовски.

Во меѓувреме семејството Миленковски го посетија членови на хуманитарното  здружение „Умиление” од Виница, кои донираа прехранбени продукти.

– При нашата посета наидовме на семејство кое живее во крајно отежнати услови без електрична енергија и вода за пиење. Апелирам до сите хумани граѓани доколку некој е во можност да помогнете да се приклучи електрична енергија и поправка на куката, но бидејки семејството нема никакво средство за комуникација може да ги најдете во селото или да не контактирате нас, па заеднички да најдеме некое решение, велат од здружението.

Радица и Спаско Миленковски се мајка и син од делчевското село Град, кои живеат во тешки услови за живот. На неколку пати им е понудена помош од институциите, но истата ја одбиле. Поради лошите услови за живот неодамна за помош апелираше и синот Благој Николовски кој во немоќ да помогне помошта ја побара од хуманите граѓани. в.с/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close