Дописници МКДОпштински вести

Иселеници обезбедија хуманитарна помош за ранливите категории во Кичево

Група кичевци кои живеат и работат во Висканса, САД собраа финансиски средства за да се помогнат најранливите категории на граѓани во Кичево и околината.

Кичево, 16 мај 2020 (МИА) – Група кичевци кои живеат и работат во Висканса, САД собраа финансиски средства за да се помогнат најранливите категории на граѓани во Кичево и околината.

Претседателот Мустафа Ахмети од здружението „Арт Студио“, кое е задолжено да ја распредели хуманитарната помош, истакна дека пакетите се состојат од храна и хигиенски средства.

– Ќе се помогнат социјално загрозените категории на граѓани, децата без родители во Кичево и околината. Со оваа помош сакаме да им помагаме на луѓето за полесно да ги поминуваат овие тешки денови на пандемија, но и во чест на светиот месец Рамазан, посочи Ахмети.

Тој информира дека пакетите ќе бидат дистрибуирани на текот од нивните активисти.рз/фф/

Back to top button
Close
Close