Дописници МКДОпштински вести

Исчистена депонијата за градежен отпад во Берово

Исчистена е депонијата за градежен отпад во Берово. Акцијата, како што информираа од Општината, се реализира како дел од активностите за почиста и поубава животна средина.

Берово, 13 август 2020 (МИА) – Исчистена е депонијата за градежен отпад во Берово. Акцијата, како што информираа од Општината, се реализира како дел од активностите за почиста и поубава животна средина.
 -Депонијата за градежен отпад која се наоѓа кај месноста „Црвен Брег“ во близина на Берово е често предмет на несовесно расфрлање на отпад, за што секако најголем виновник е човечкиот фактор, поради што имаше итна потреба од нејзино расчистување, информираа од Општината.
Од таму апелираа до несовесните на воздржување од фрлање отпад, на кој не му е местото на оваа депонија.
-Секојдневно упатуваме апел за чиста животна средина, да се почитува работата на работниците, со цел на идните генерации да им предадеме чиста и здрава животна средина. За жал, се уште сме сведоци на секојдневно несовесно однесување заради што ги повикуваме несовесните граѓани добро да размислат, пред  да го фрлат отпадот онаму каде што не му е местото, истакнаа надлежните.
Од таму најавија продолжување на активностите за чистење и на останатите места каде е забележливо поголемо присуство на отпад. вс/мд/

Back to top button
Close
Close